Лани Црвено-Црното семејство со гордост ја прими прекрасната вест од Полска на Европското првенство за борачи до 23 години нашиот Репрезентативец и член на БК Вардар се закити со бронзен медал. Премрежјата до ова европско одличје беа долги. Лошата финансиска состојба на Македонското борење и неможноста да се подготви и реализира едно европско со многу залагање лично на Професорот Пешко шефот на стручниот штаб на БК Вардар и целиот колектив на црвено-црните се успеа во оваа мисија, медал за Македонија . Без сериозна поддршка од најповиканите за борењето во земјата , но со ентузијазмот , вољата па и финансиите на БК Вардар се успеја да Македонија биде побогата за уште еден медал во овој спорт. Ве потсетуваме на овој голем успех на македонскиот и вардаровиот борач, кој потоа имаше опасни премрежја во животот по еден инцидент неговиот живот висеше на конец, но вардаровиот лав се избори со тоа и почна повторно да се бори на душекот, учествуваше и на турнир кој можеше да го однесе на олимпијада во Рио, и ако се трудеше големата пауза во тренажниот процес го попречи да оствари успех. Веројатно да немаше толкава пауза која настана од субјективна природа веќе нашиот Халил ќе се подготвуваше за Рио. Сепак се брои само успехот, а тој лани дојде во борба за бронзен медал во категоријата до 86 килограми каде нашиот Халил го победи борачот од Шпанија Даниел Рама со резултат 7-1. ВИДЕО>>>>
Репасаж борбата против членот на Украинската репрезенација Лила Арчаја победа од со 12-4 која даде можност да се бориме за медал за Забаиров ВИДЕО>>>>
Деби борбата на Халил со која тргна во походот на бронзата ,убедлива победа од 11-1 над борачот од соседна Бугарија Медвед Гази ВИДЕО>>>>