Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > Комити > Карти од 100ден. и членски Комити и денес во продажба од 12 до 17час , за другите трибини од денес 200 денари
Карти од 100ден. и членски Комити и денес во продажба од 12 до 17час , за другите трибини од денес 200 денари

Карти од 100ден. и членски Комити и денес во продажба од 12 до 17час , за другите трибини од денес 200 денари

И денес повторно ќе може да се набават карти за западната трибина  и членски карти. Картите за трибината на најверните навивачи на црвено-црните “Комити“ може да се набават од 12:00 часот до 17:00 часот на билетарата на Градскиот стадион.

Покрај билети за мечот со Динамо загреб исто така во продажба ќе бидат пуштени и членски карти за престојната 2016-2017 по цена од 300,00 денари. Со купена членска карта ќе се добива попуст на билетите за натпреварите на ФК и РК Вардар. За натпреварот со “модрите“ билетот ќе чини 100,00 денари без членска карта и 50,00 денари со членска карта .  Според претходно објавеното на нивната официјална страница собирот на групата е во 18:30 ч. на “Фонтана”, а влегувањето на стадион најдоцна до 20:00 ч. кога според официјален протокол за европски натпревар сите врати на стадионот ќе бидат затворени. Членовите и останатите кои ќе бидат дел од Комити групата апелираше да ги почитуваат инструкциите за да не дојде до непријатни и несакани ситуации.

Од денес за другите трибини (Југ и Север) билетот ќе чини 200 денари се до денот на мечот. Ваков голем фудбалски настан кој се случува еднаш во годината кај нас, не смеете никако да пропуштите. На 12-ти јули со почеток од 20:45 часот на арената Филип Втори ќе гостува екипата на Динамо Загреб, во рамките на второто квалификациско коло од лигата на шампионите. Вашите билети можете да ги купите онлајн на www.ticketplus.mk и во продажните места:

Југотон ГТЦ 1 кат
Атлантик Турс, Тобако 2 – Скопјанка
Тобако Корнер – Југодрво
Тобако – Водњанска
Тобако – СП Планет
Food Bar Trend – Сити Мол
Lounge Restaurant Trend – Центар
Telekom Trend, Киоск М1 – ТЦ Бисер
Киоск М1 – Кисела Вода
М1 Медиа – ТЦ Бисер
Киоск М1 – Холидеј ИН Киоск М1 – Скопјанка,
Киоск М1 – Собрание,
Киоск М1 – Центар,
Киоск Снек Бар М1 – Центар,
Пицерија Амати – Веро Центар,
Киоск М1 – Железничка станица – Центар,
Тобако – Капиштец,
Тобако Гоги Драчево – Кисела Вода,
Тобако МПМ – Центар,
Атлантик Турс – Кавадарци,
Т.А. Скала Травел – Струмица,
Т.А. Путник – Гевгелија,
Т.А. Бран – Прилеп,
Голден Тобако – Охрид,
Радио Кочани ФМ – Кочани,
Т.А. Мерион Травел – Куманово,
Унисон – Велес,
Кафе Мамбо – Тетово,
New Tobacco – Охрид.

Во поддршката на Вардарци се приклучува и фан шоп-от на клубот со неверојатна акција за верните навивачи и симпатизери на Вардар. Обезбедете маица за 399 денари, дрес за 1.299 денари, а во комбинација со шал дресот ќе биде Ваш по цена од 1.499 денари. Акцијата важи за оние кои ќе приложат билет за натпреварот Вардар – Динамо Загреб во фаншопот на клубот во СЦ Јане Сандански и на штандот во Скопје Сити Мол.