Фудбалскиот клуб Вардар ги поканува својте навивачи и фанови утре со почеток во 17:30 па се до 18:30 часот во Сити Мол. Каде ќе се одржи дружење со нашите фудбалери кои се подготвуваат за натпреварот со Динамо Загреб а кој ќе се игра на „Филип Втори“ во Скопје во 20:45 на 12 јули. Сите посетители ќе можат оваа ретка можност да ја искористат за да се сликаат, да земат автограм и да се дружат со нашите ѕвезди. Од клубот воедно дополнуваат за ова дружење и за самиот дуел до шампионската лига во вторник:
Да се дружиме со Вардарци утре во Скопје Сити Мол и да им бидеме поддршка во нивниот стремеж за Лигата на шампионите. Апелираме на воздржаност од неспортско навивање, користење пиротехнички средства, неспортски транспаренти, секакво насилство и уфрлување предмети на терен. Единствено со фер, спортско и коректно навивање покажуваме почит кон нашиот тим и уживање во неговите настапи.
Еден живот, една љубов!