Денеска во Сити Мол, во населбата Карпош сите љубители на ФК Вардар, и на ”црвено – црните” бои, ќе можат заедно да се дружат одблиску со своите идоли од ФК Вардар. Оваа дружба започнува во 17-30 часот, а сите кои ќе дојдат ќе можат да се фотографираат со своите миленици, да земат автограм како и многу други изненадувања.
Да се дружиме со Вардарци во Скопје Сити Мол и да им дадеме максимална поддршка и мотивација пред натпреварот во вторник против Динамо Загреб.