Новата сезона на сеха-лигата е предвидено да започне на 6/7-ми септември, а луѓето кои се одговорни за ова натпреварување веќе го одредија конечниот список на екипи кои од следната сезона ќе бидат дел од оваа лига. Интересно е што во новата сезона ќе нема претставници од Србија како и Црна Гора, која веќе од поодамна нема екипа во сеха лигата. Иако беше предвидено да има две претставника од Србија, ракоментиот сојуз на оваа земја и СЕХА не постигнаа договор, па така остануваат без екипи оваа сезона. Нови учесници во новата сезона ќе бидат екипите на Металург и Извиѓач од Босна. Системот на натпреварување останува ист како и минатата сезона, со играње на завршен турнир, чиј домаќин дополнително ќе се одредува. Вардар и Веспрем се најтрофејни во ова натпреварување, со освоени по два трофеи.
Вака изгледа конечниот список на екипи, кои ќе ги гледаме во СЕХА лигата од натпреварувачката сезона 2016/17.
1. Вардар
2. Металург
3. Загреб
4. Нексе
5. Целје Пивоварна Лашко
6. Горење
7. Брест Мешков
8. Веспрем
9. Татран Прешов
10. Извиѓач