Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Михаил Ристески: Со “Јуниор лигата“ се отвараат можности на многу таленти од цела Македонија да ги покажат своите играчки квалитети
Михаил Ристески:  Со “Јуниор лигата“ се отвараат можности на многу таленти од цела Македонија да ги покажат своите играчки квалитети

Михаил Ристески: Со “Јуниор лигата“ се отвараат можности на многу таленти од цела Македонија да ги покажат своите играчки квалитети

Големиот проект на фудбалскиот клуб Вардар, “Јуниор“ лигата имаше успешна прва сезона, каде дел од неа беа 11 фудбалски школи од Македонија. Како пробен проект покажа задоволителни резултати, со очекувања дека следната сезона ќе биде уште подобра, како на организациски план, така и според бројот на учесници кој треба да се зголеми. Ваква лига е нештно ново, не само кај нас, туку и на Балканските простори, која има за цел да ги обедини сите фудбалски школи низ цела Македонија заеднички да се натпреваруваат, со што би се зголемил бројот на деца кои сакаат да играат фудбал. Јасна е целта на најголемиот Македонски клуб, тоа е сите квалитетни дечиња да бидат дел од клубот, кој е синоним за фудбал во Македонскиот спорт. Веќе осум деца се приклучија во младинските екипи на Вардар, кои преку летниот камп во Дојран кој се органзиираше минатата година беа повикани од тренерите на екипите да играат за Вардар. Меѓу нив е и Михаил Ристески, кој настапува за генерацијата-помлади пионери.

-Уште од мојата седма година мојот родител увиде дека имам талент за фудбал, иако тој самиот е битен професионален ракометар, сепак лубовта кон фудбалот ми беше поголема страст од другите спортови. Првите почетоци беа во клубот Фк ЕвроФудбал-Охрид кој е под сопственост на Данчо Целески, а мојот тренер до преминувањето во Вардар беше тренер Ацо Вељаноски , кој е најзаслужен за целиот потенцијал до сега што сум го стекнал во фудбалот. Од самиот почеток со тренирање фудбал најголема желба и мотивација ми се моќните клубови, како што е Вардар.

Токму “Јуниор“ лигата се покажа како голем чекор за понатамошната кариера на Михаил. На летниот камп организиран во Дојран неговите квалитети се препознаени од скаутите на Вардар и тренерот Јанев, кој му даде шанса да настапува за Вардар.

-Со мојата школа Евро Фудбал која е дел од “Јуниор“ Лигата и учествував на сите кампови за фудбал кои ги организира ФК Вардар, каде бев забележан од стручните лица на клубот. Со “Јуниор лигата“ се отвараат можности на многу таленти од целата Македонија да ги покажат своите играчки квалитети, од кој еден бев јас да преминам во редовите на Фк Вардар.

Помладите пионери во својата дебитантска сезона го освоија второто место во лигата, со само еден бод помалку од првопласираниот тим.

-Најголема радост во фудбалот ја почуствував кога бев повикан да ги бранам боите на Фк Вардар, тоа чуство и одговорност на секој натпревар и трениинг го чуствувам како обврска за мене како фудбале. Изминатата сезона го освоивме второто место со само еден бод зад првиот. Мое мислење е дека сезоната ја изигравме солидно, но можевме уште подобро. Се надевам дека мојот тренер Сашо Јанев, кој многу се залага да не спреми што подобро и да не уигра што мислам дека е главна причина за подобри резултати. Моја желба е еден ден да заиграм за првата екипа на Вардар и да имам големи успеси на меѓународен план, изјави Михаил Ристески за нашиот сајт.

Звонко Ивановски