Откако се вратија од летните подготовки кои ги одработија во Австрија и Хрватска, фудбалерите на ФК Вардар добија два дена слободни, па потоа се вратија на своите обврски, односно подготовки за натпреварот во вторник против хрватскиот шампион, тимот на Динамо од Загреб.
Откако во Австрија и Хрватска имаа напорно темпо, со два тренинг дневно, по враќањето во Скопје, Вардар се до вторник ќе одработува по еден тренинг на ден. И тоа во вечерните часови, од 20 часот, со цел што поголема подготвеност и адаптација за вторник. Нашите момци во вторник ќе истрчаат пред преполниот Градски стадион во 20-45 чaсот.