Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Во четири селекции на Олимпијадата во Рио ќе има ракометарки од ЖРК Вардар
Во четири селекции на Олимпијадата во Рио ќе има ракометарки од ЖРК Вардар

Во четири селекции на Олимпијадата во Рио ќе има ракометарки од ЖРК Вардар

Црвено-црниот женски вардаров колектив е “трета ракометна сила“ на стариот контининт веќе три години по ред, екипата е составена претежно од квалитетни интернационалки кој се репрезентативки во своите земји. Затоа често нашите девојки се дел од европските и светските првенства каде стигаат до самиот врв на истите. Годинава во Бразил поточно во Рио ќе се одржи најмасовниот спортски настан годинава Олимпијадата. ЖРК Вардар ќе има свој преставнички во четири женски ракометни репрезентации на овој најмасовен спорски собир.

По две вардарки  имаме во составот на  Црна Гора и на  Франција, а  по една во ростерот на  Норвешка и Бразил. Вкупно шест избранички на Индира Кастратовиќ ќе настапат на олимписките борилишта во Рио и тоа :

  • Јованка Радичевиќ, (Црна Гора),
  • Андреа Кликовац (Црна Гора),
  • Камира Херем (Норвешка)
  •  Мајса Песоа (Бразил)
  • Амандин Лејно ( Франција) и
  • Александра Лакрабер( Франција).

Ќе има и дирекни дуели бидејќи репрезенациите на Црна Гора, Норвешка и Бразил се во истата А-група па така така  својте сили ќе ги одмерат : Радичевиќ,  Кликовац , Херем  и Мајса Песоа .