Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Динамо ја одреди саатницата за реваншот во Загреб

Динамо ја одреди саатницата за реваншот во Загреб

Предмалку на нивната веб страница екипата на загребски Динамо ја објави саатницата за реванш дуелот на 20 јули во Загреб. Мечот во кој модрите ќе бидат домаќини ќе се игра во идентичен термин како и дуелот во Скопје 20 часот и 45 минути.

tz

Се очекува на “Максимир“ црвено-црните да имаат поддршка од своите навивачи кои секаде каде тоа е можно го следат и бодрат ФК Вардар.  Картите за дуелот во вторник се во продажба за југ и север по 200, а за запад кај Комити по цена од 100 денари на билетарата на градски стадион.