Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ФК Вардар викендов организира фан зона на “школка“ во градски парк
ФК Вардар викендов организира фан зона на “школка“ во градски парк

ФК Вардар викендов организира фан зона на “школка“ во градски парк

Во пресрет на првиот натпревар од второто квалификациско коло во лигата на шампионите помеѓу нашиот шампион и екипата на Динамо Загреб, фудбалскиот клуб на Вардар ќе организира неколку дружења на играчите со своите фанови. Покрај денешното дружење во Сити Мол, утре и во недела ќе биде организирана фан зона и на школка во градскиот парк. Ви го пренесуваме целосниот текст од официјалната страна на клубот.

Дојдете викендов да се дружите и да се забавувате со фудбалерите во Градскиот Парк, да им дадете морална поддршка пред дуелите во Лигата на шампионите против Динамо Загреб

Престојниот викенд ФК Вардар Ви нуди можност повторно да се дружите со нашите фудбалери пред натпреварот во вторник со Динамо Загреб во рамките од Лигата на шампионите. Во сабота и недела на 9 и 10 јули од 10 до 22 часот организираме Фан Зона на „Школка“ во Градскиот парк. Нашите фанови се секогаш морална поддршка на нашите играчи која им е потребна за да се направи успех на престојните натпревари во Лигата на шампионите.

Имате можност да се дружите со нашите играчи и да заиграте со нив фудбал на мали голови, фудбалче на рачки, да играте плејстејшн и тоа токму со тимот на Вардар.

Воедно Ве потсетуваме дека и денеска ќе имате можност да се сретнете со нашите фудбалери од 17:30 до 18:30 часот во Скопје Сити Мол на штандот на ФК Вардар каде што ќе можете да се сликате со играчите, да земете автограми и да се дружите со нив.

Да се дружиме со Вардарци денеска во Скопје Сити Мол и викендов на Школка во Градки Парк и да им бидеме поддршка во нивниот стремеж за Лигата на шампионите.

Ве потсетуваме и за акцијата на Вардаровиот фан шоп подготвена за нашите навивачи. Вардар маица за 399 денари, дрес за 1.299 денари, а во комбинација со шал дресот ќе биде Ваш по цена од 1.499 денари. Акцијата важи за оние кои ќе приложат билет за натпреварот Вардар – Динамо Загреб. Билетите за натпреварот со Динамо се по цена од 200 денари и можат да се најдат во продажната мрежа на Тикет Плус, онлајн на ticketplus.mk, како и на продажниот штанд во Скопје Сити Мол секој ден од 10 до 22 часот.

Воедно, апелираме на воздржаност од неспортско навивање, користење пиротехнички средства, неспортски транспаренти, секакво насилство и уфрлување предмети на терен. Единствено со фер, спортско и коректно навивање покажуваме почит кон нашиот тим и уживање во неговите настапи.

Еден живот, една љубов!