Европската куќа на фудбалот го одреди “човекот во црно“ кој ќе ја дели правдата на мечот Вардар-Динамо во шампионската лига. Станува збор за 31 годишниот Роберт Мадли , тој дебитира како главен судија во шампионската лига баш на овој меч и истиот пред пет месеци се стекна со ФИФА лиценца.
Роберт од 2013 година суди во Премиер-лигата, а од оваа година има дозвола за меѓународни натпревари како главен арбитер. На него ќе му помагаат во арбитрирањето Гари Бесвик и Јан Хусин. Делегат на овој дуел е Бернт Барута од Германија. Се знае и судија за реваншот во Загреб кој ќе се игра на 20 јули, тоа ќе биде Русинот Сергеј Иванов. Помошници на реваншот ќе бидат Дмитри Мосиакин и Роман Усачев. Делегат ќе биде англичанецот Мајк Фостер .