Monday ,21 April 2025
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > (ФОТО) Како помина првата средба на Вардаровите играчи со своите фанови
(ФОТО) Како помина првата средба на Вардаровите играчи со своите фанови

(ФОТО) Како помина првата средба на Вардаровите играчи со своите фанови

Денес во “Сити Мол“ се одржа првата средба на играчите од фудбалскиот клуб Вардар, со своите фанови. Тие имаа можност да се фотографираат со своите идоли да земат автограм од играчите и да им ја дадат својата поддршка пред големиот натпревар, против екипата на Динамо Загреб од лигата на шампионите.

13625306_10206858478562697_1838428502_n

Веќе утре и во недела ќе има ново дружење на играчите и фановите и тоа на “школка“ во градскиот парк, во периодот од 10-22 часот,каде што исто така ќе имате можност за ново дружење со фудбалерите, фотографирање, ќе можете да им ги покажете вашите фудбалски вештини, да играте со нив фудбалче на рачки, плејсштејшн и други игри кои ќе Ви бидат на располагање.

13643779_10206858477562672_1737079996_n

Секој кој не набавил карта да го стори тоа во наредниве денови, бидејќи се ближи почетокот на овој голем спектакл. Карти можете да купите на добро познатите места, како и преку онлајн мрежата на http://www.ticketplus.mk/. Исто така карти има и на билетарницата на Арената Филип Втори, секој работен ден од 10:00 до 18:00 часот.

13643929_10206858479882730_1554074951_n