Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > Комити > Комити известување! Продажбата на картите на 9. и 10. јули, ќе продолжи во Градскиот парк на Школка, во склоп на Фан зоната
Комити известување! Продажбата на картите на 9. и 10. јули, ќе продолжи во Градскиот парк на Школка, во склоп на Фан зоната

Комити известување! Продажбата на картите на 9. и 10. јули, ќе продолжи во Градскиот парк на Школка, во склоп на Фан зоната

Најверните навивачи на црвено-црните популарните Комити имаат ново известување до своите членови околу продажбата на билетите за западната трибина и сезонските карти за овој викенд односно за денес 9-ти и утре 10-ти јули. Тие во истото велат :

Продажбата на билетите за претстојниот натпревар од 2. квалификационо коло помеѓу Вардар – Динамо Загреб, закажан за 12.07. од 20:45ч. на Градскиот стадион во Скопје, викендов, односно 09. и 10. јули, ќе продолжи во Градскиот парк на Школка, во склоп на Фан зоната организирана од страна на Ф.К. Вардар, во термин од 12ч. до 17ч.

Цената за Западната трибина чини 100 денари. Со секоја купена членска карта од 300 денари за претстојната 2016/2017 сезона, билетот за натпреварот изнесува 50 денари, односно 350 ден. за членска и билет.