Од септември започнува нова сезона во ракометната лига на шампиони. Љубителите на ракометот ќе уживаат во уште одлична сезона која ќе ја приредат ракометните екипи во Европа. Новиот систем на ЕХФ вовеен минатата година донесе многу поквалитетни и неизвесни натпревари. Нашиот ракометен шампион четврта последователна година ќе игра во најголемото ракометно натпреварување. Претходниве три сезони стигнавме во најдобрите осум екипи, што претставува голем успех за Вардарци. Веќе ги дознавме противниците во квалитетната група Б. Рајн-Некар, Брест Мешков, Киелце, Горење Велење, Пик Сегед, Кристијанштад и Загреб ќе ја сочинуват групата на Вардар. Екипите веќе почнаа активно да се засилуваат во пресрет на новата натпреварувачка сезона. Ви ги пренесуваме новите играчи на дел од екипите кои ќе играат во групата Б, со нашиот РК Вардар. Најактивен до овој период беше Пик Сегед од Унгарија, кој драстично се засили на сите позиции.
Вардар:
1. Рожерио Фереира
2. Жоан Канелас
3. Вуко Борозан
Киелце:
1. Деан Бомбач
2. Дарко Џукиќ
3. Филип Ивиќ
Загреб Плинарско друштво:
1. Матевж Скок
2. Давид Миклавчиќ
3. Игор Вори
4. Дарко Цингесар
5. Јосип Ереш
6. Ловро Јотиќ
Пик Сегед:
1. Сергеј Горбок
2. Димитри Житников
3. Сандро Обрановиќ
4. Марин Шего
5. Денис Бунтиќ
6. Матеј Габер
7. Сташ Скубе
8. Марио Состариќ