Во следниов наш текст ќе ве запознаеме со Далибор Костовски, кој настапува за Вардаровата генерација родени “2002“ година. Се работи за играч кој е капитен на екипата предводена од тренерот Петар Ѓорѓиевски и кој игра на позицијата централен дефанизвец. Стандарден во составот на оваа Вардарова генерација и незаменлив дел од нивната игра, како и репрезентативец на Македонската репрезентација до 15 години. Играч со голем потенцијал и квалитет кој го поседува во себе. Ќе ве запознаеме на кратко со Далибор, неговата желба и почетоците со фудбалот, напредок кој е евидентен, како помина сезоната за неговата екипа и чуството да се биде капитен на најголемиот Македонски клуб.
-Овој спорт ми беше омилен и исто така мојата прва желба. Интересно е тоа што ништо не ме потикна да тренирам фудбал, самиот одлучив за да почнам да се занимавам со овој спорт. Моите први почетоци беа во фудбалскиот клуб Вардар и сеуште тренирам таму, а прв тренер ми беше Марјан Герасимовски. Работам напорно и сакам се повеќе да напредувам во фудбалот и да завршам во некој европски клуб. Вардар ми помогна многу за да станам добар играч, исто така благодарение до тренерите Павел Неделковски и Петар Ѓорѓиевски. Чувството да го носиш националниот дрес на својата држава е прекрасно.
Фудбалскиот клуб на Вардар генерација родени “2002“ година го заврши регуларниот дел од детската лига на првото место на табелата. Со вкупно 16 победи, еден нерешен резултат и само еден пораз, оваа Вардарова генерација заврши убедливо на врвот во својата категорија. Оваа генерација беше и есенски шампион со максимален број на освоени бодови. На завршните натпревари од детската лига беа забележани четири победи и еден пораз.
-Ние оваа сезона одигравме одлични утакмици ,на кои имавме само еден пораз од екипата на Шкупи од чаир. Во елиминациските мечеви ја потврдивме фаворитската улога и забележавме две големи победи. Се пласиравме како први од Скопско-кумановскиот регион и на државниот турнир во големото финале несреќно изгубивме од екипата на Академија Пандев од Струмица и завршивме втори на второто место.
Капитен на оваа генерација е токму Далибор, кој ја има можноста да биде предводник на својата екипа.
-Капитенската лента во Вардар ми значи многу. Одговорноста е голема, но и чест да се носи за најдобриот клуб во Македонија, тоа е секако ФК Вардар, изјави Далибор Костовски за Вардар Фанс.
Звонко Ивановски