Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Историја > (ФОТО) Панчев, Мутибариќ и Аврамовски го дадоа шампионскиот пехар на Вардар за музејот освоен 1984г. во финалето на Купот на СФРЈ во младинска конкуренција
(ФОТО) Панчев, Мутибариќ и Аврамовски го дадоа шампионскиот пехар на Вардар за музејот освоен 1984г. во финалето на Купот на СФРЈ во младинска конкуренција

(ФОТО) Панчев, Мутибариќ и Аврамовски го дадоа шампионскиот пехар на Вардар за музејот освоен 1984г. во финалето на Купот на СФРЈ во младинска конкуренција

Конечно по 32 години пехарот на ФК Вардар освоен во Купот на СФРЈ во младинска конкуренција во далечната 1984 година ќе ја види “светлината на денот“. Дарко Панчев, Слободан Мутибариќ и Никола Аврамовски среќни што го зачуваа истиот го даваат за поставката во новиот “Музеј на Вардар“ кој ќе биде зад источната трибина во склопот на Академијата на црвено-црните.  Големиот проект на г-н Сергеј Самсонеко предвидува музеј во кој ќе можеме на едно место да ги погледнеме сите пехари од нашата долга 9 годишна историја. Тројцата кои го освоиа решија да го дадат онаму каде што му е местото.

muto3

Mлада вардарова генерација во сезоната 1983/84г направи голем успех во тогашна Југославија. Таа сезона стигнавме  до првиот трофеј во младинскиот Куп со триумфот од 3-2 против ФК Војводина. Мечот од  финалето се одиграл на стадионот на Црвена  Звезда во Белград на 24 мај 1984 година. Кој друг ако не  Дарко Панчев го донесе триумфот со два гола во 22-та и 67-та минута од мечот, а   еднаш стрелаше и   Љупчо Марковски во 25 минута.  Вардариот   триумфот и освојувањето на овој  трофејот беше најава за следните години во кои црвено-црните прво ќе се изборат за место во Европа, а потоа ќе стигнат и до шампионската титула во слваната 1987 година. На мечот во Белград, Вардар играше во состав: Мутибариќ Слободан, Домазетов (Арсов), Стојановиќ, Марковски, Стојанов, Мишевски, Србовски (Сулејманов), Аврамовски, Панчев, Трајковски, Јовковски. Поопширно за ова во нашиот ретро текст овде.

muto2

Овој пехар сосема случајно останал 32 години во домот на семејството Мутибариќ кај Слободан и Драган легендарните голмани на црвено-црните. За ова Слободан Мутибариќ ни го изјави следното:

-Никој со децении не го бараше овој трофеј, се до сега кога конечно ова раководство се одлучи да прави музеј за да може сите вардарци да ја видат нашата богата историја. Јас, Панчев и Кирил Кировски кој е во менаџментот на Вардар заедно заклучивме дека местото на овој пехар му е место во витрините на ФК Вардар во новиот музеј кој ќе биде готов за околу три месеца . Исто така во прилог покрај пехарот во приолог јас ја приложив и златната плакета која ми беше врачена при освојување на младинскиот куп во СФРЈ.