Заврши една успешна сезона за младинските категории на фудбалскиот клуб Вардар. Најмладите генерации (петлиња) имаа долга и напорна сезона исполнета со многу победи и убави моменти. На крајот две Вардарови екипи успеаа да стигнат до првото место во детската лига, во својата возрасна генерација. Посебно не израдуваа нашите најмлади надежи кои се натпреваруваа во лигата. Генерациите родени “2004“ и “2007“ успеаа да станат шампиони на Македонија. Беа освоени две втори места, како и едно трето. Две наши генерации стигнаа до осумте најдобри екипи во ова натпреварување. Сите екипи на Вардар забележаа 192 победи за цела натпреварувачка сезона.
Вака изгледа учинокот на сите Вардарови генерации во сезоната 2015/16:
победи, нерешени, порази
Генерација “2002“ 20 1 2 ( второ место)
Генерација “2003“ 21 1 3 ( осум најдобри)
Генерација “2004“ 38 2 4 ( прво и трето место)
Генерација “2005“ 40 2 7 ( второ место)
Генерација “2006“ 29 7 3 ( осум најдобри)
Генерација “2007“ 44 5 11 ( прво место).