Како да стана навика, ракометниот клуб Вардар за противници во лига на шампиони да има екипи од најсилната германска бундеслига. Таков е пример со тимот на Рајн-Некар кој е и актуелен шампион на Германија, повторно да играме во групната фаза од најголемото ракометно натпреварување. Трета последователна сезона црвено-црните ќе играат со овој противник во групата. Претходниве две години одигравме четири натпревари на кои забелажавме три победи и само еден пораз и тоа оној минимален од изминатава сезона на гостински терен. Во сеќавање ќе останат победите во Јане Сандански, но и онаа голема издвојувана во Германија, со убедлив резултат од 28:35 во наша корист.
Во сезоната 2016/17 најпрво играме на гостински терен, додека веќе следната недела во месец октомври во домашната арена Ј. Сандански ќе го пречекаме шампионот во најсилната бундес лига, екипата на Рајн-Некар. Дали ќе се повтори оваа атмосфера, останува да видиме, но ние сме сигурни дека повторно ќе паднат германците во нашата тврдина и ќе бидат испратени од Комити со “ауфидерзен“.