Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Нема промени во однос на возрасните генерации и тренери кај Вардаровите младински екипи кои се натпреваруваат во лигата и купот
Нема промени во однос на возрасните генерации и тренери кај Вардаровите младински екипи кои се натпреваруваат во лигата и купот

Нема промени во однос на возрасните генерации и тренери кај Вардаровите младински екипи кои се натпреваруваат во лигата и купот

Во натпреварувачката сезона 2016/17 во првенството и купот на младинските фудбалски категории нема промени во возрасните генерации, односно остануваат со исто годиште како и изминатава сезона.

Така генерацијата родени “2001“ остануваат како помлади пионери со тренерот Сашо Јанев, генерацијата “2000“ продолжува да се натпреварува како пионери и следната година под водство на тренерот Сашо Тодоровски. Да потсетиме дека оваа генерација во новата натпреварувачка сезона ќе ја брани двојната круна освоена оваа година. Влатко Колев останува тренер на кадетите и генерација родени “1999“ година, додека момците родени “1998“ година продолжуваат како младинци под водство на Љупчо Марковски, кои исто така го освоија првенството.

Единствени промени ќе има во играчкиот кадар на Вардаровите генерации, во однос на заминати и нови играчи кои би ги засилиле екипите. Веќе е познато дека право на настап во младинскиот состав немаат Кристијан Апостоловски, Стефан Тасески, Виктор Јовановски и Томче Велкоски. Ќе мора да се бара адекватни замени пред се за првите двајца играчи кои беа стандардни првотимци во младинскиот состав. Апостоловски заедно со Даци беа и најдобри стрелци за изминатава сезона. За сите дополнителни промени во овие Вардарови генерации ќе известуваме дополнително.