Вечерва Вардарци одржаа прв тренинг на арената “Филип втори“ во пресрет на натпреварот од второто квалификациско коло, против екипата на Динамо Загреб. Ова воедно беше и прв тренинг на арената, од стартот на летните подготовки за нашиот шампион. Атмосферата во екипата е на највисоко ниво и со нетрпение се очекува да започне натпреварот, кој е закажан за вторник со почеток од 20:45 часот. Црвено-црните тренираат напорно и се подготвени за големиот предизвик кој им претстои во вторник.
Се надеваме на добра игра и позитивен резултат од овој прв натпревар, со што би се зголемиле нашите шанси на реваншот во Хрватска за пласман во следната рунда од најголемото натпреварување.
Фото: ФК Вардар