Thursday ,19 September 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Омер Абаз: Преку “Јуниор лигата“ сите млади во Македонија можат да го покажат својот квалитет
Омер Абаз:  Преку “Јуниор лигата“ сите млади во Македонија можат да го покажат својот квалитет

Омер Абаз: Преку “Јуниор лигата“ сите млади во Македонија можат да го покажат својот квалитет

Најновиот проект на фудбалскиот клуб Вардар “Јуниор“ лигата успешно се реализираше и финишираше во првата година на најезиното функционирање. Дел од лигата беа 11 фудбалски школи од земјавата, а овој број се очекува драстично да се зголеми за следната натпреварувачка сезона. Успешната работа на лицата во Вардар кои се задолжени оваа лига да функционира беспрекорно даде резултати уште во првата сезона. Веќе осум играчи од другите градови се приклучија во младинските категории на фудбалскиот клуб Вардар. Меѓу нив е и Омер Абаз, кој ја засили генерацијата родени “2001“ година. Во следниов текст ќе ве запознаеме со ова младо момче, кој настапува за генерацијата помлади пионери, предводена од тренерот Сашо Јанев.

-Започнав да играм фудбал пред пет години . Како импулсивно дете имав желба да спортувам , сите мои другари беа зачленети во фудбалските школи во Охрид, па така започнав со фудбал каде и се пронајдов во овој спорт. Продолжив да се занимавам соовој спорт порди искрената лубов лон фудбалот. Моите почетоци беа во фудбалската школа Фер плеј од Охрид – под водство на тренерите Игор и Маријан Настоски , каде настапував четири години. Потоа преминв во фудбалската школа Еурофудбал под водство на тренерот Ацо Велјаноски, каде тренирав две години. Сите луѓе сонуваат дека еден ден ќе станат многу успешни. Едноставно не можете да го започнете патувањето доколку претходно немате цел.

На летниот камп кој минатата година се одржа во Дојран учествуваа голем број на деца, кои ја бараа својата шанса за повик во малдинските категории на фудбалскиот клуб Вардар. Токму тоа му успеа и на Омер Абаз, кој беше препознаен како надежен играч.

-Со екипата каде што настапував Еурофудбал учествувавме на летниот камп во Дојран, организиран од фудалскиот клуб  Вардар, каде потоа следеа уште неколку контролни натпревари за да конечно почнам во најголемиот Македонски бренд-Вардар. Првиот тренинг за црвено-црните го имав на 2-ри февруари 2016 година. Преку “Јуниор лигата“ сите млади во Македонија можат да го покажат својот квалитет , така и мене преку Јуниор лигата го видоа и препознаа мојот квалитет.

Вардар е синоним за голем клуб и желба на секое дете да ги брани црвено-црните бои. Со помладите пионери стана вицешампион на Македонија.

-Уште од мал од Нашите Македонски клубови навивам за вардар и голема Чест и привилегија е да се игра за најголемиот и најтрофејниот Македонски клуб. Со Вардар играме одлични натпревари, многу трчаме, се бориме за секоја топка, мотивирани сме да забележиме победа. На крајот сме наградени за прикажаната игра, заслужено победуваме. Среќен сум што сум што сум дел од ваков голем клуб, изјави Омер Абаз за нашиот сајт.

Звонко Ивановски