Колумбиецот Џон Обрегон кој на првиот список кој беше пријавен до УЕФА беше “осамен“ во нападот ќе добие партнер во Џонатан Балотели. Бразилскиот интернационалец Балотели ќе биде додатно пријавен за да може да конкурира во составот на Гоце Седлоски. Црвено-црните ќе ја искористат можноста што ја дава европската куќа на фудбалот на првичиот список да додадат едно име плус.
Вардар со ова ќе има два напаѓачи кои ќе може да ги користи за овој европски двомеч со екипата на хрватскиот шампион Динамо Загреб. Балотели го засили нашиот шампион како и Обегон овој летен преоден рок, тој дојде во составот на црвено-црните од екипата на Трабалхадоре. Овие играчи нашиот ФК Вардар ги пријави за дуелот со “модрите“ од Загреб:
Голмани:
- Алексовски,
- Пачовски и
- Гачевски
Одбраната :
- Попов,
- Мијушковиќ,
- Грнчаров,
- Љамчевски,
- Велковски,
- Хамбарѕумјан,
- Новак,
- Личина,
- Глишиќ и
- Брдаровски.
Среден ред:
- Спировски,
- Којашевиќ,
- Асани,
- Глигоров,
- Николов,
- Фелипе,
- Грозданоски и
- Петковски.
Напад:
- Џон Обрегон.