Sunday ,24 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Тренинг комплексот во Хиподром доби награда за најдобро реализиран архитектонски објект
Тренинг комплексот во Хиподром доби награда за најдобро реализиран архитектонски објект

Тренинг комплексот во Хиподром доби награда за најдобро реализиран архитектонски објект

Овогодишни лауреати на 18. Биенале на македонската архитектура се авторите – архитекти Минас Бакалчев, Саша Тасиќ, Гордан Петров и Александар Петановски. Тие се добитници на Големата награда за реализиран архитектонски објект во изминатите две години, за објектот Тренинг центар ФК Вардар во Скопје.

Со изградбата на овој капитален објект во вредност од 4 милиони евра, реализиран според моделот на јавно-приватно партнерство, фудбалерите од првиот тим на Вардар добија современ тренинг комплекс, по примерот на најголемите клубови во Европа. Во рамките на објектот влегуваат две тренинг игралишта, од кои едното со вештачка, а другото со природна трева и најсовремен дренажен систем, зграда со простории за дневен престој на играчите и соба за анализа на противниците.

7

Според Комисијата за доделување на награди на 18-тото Биенале на македонската архитектура, се работи за рационален и воздржан архитектонски израз, за еден вид дисциплинарен аскетизам со кој на високопрефинет начин e афирмирано Мисовото минималистичко архитектонско кредо „помалку е повеќе“.