“Модрите“ пристигна денес во нашиот главен град Скопје, тие како европски тим патуваа со авион, од Загреб до Скопје. Заедно со остатокот од експедицијата на аеродромот “Александар Велики“ пристигна и ѕвездата број еден кај Динамо Загреб, Пјаца.
Според планот избраниците на Цицо Крањчар пред утрешниот дуел со нашите црвено-црни ќе одржат еден тренинг . Истиот беше закажан вечерва со почеток во 19 часот и 30 минути на Арената “Филип втори’’ , терен на кој утре ќе се одигра големиот дуел на ех ју познаниците. Се очекува утре голема борба бидејќи на ФК Вардар на мегдан ќе му се најде еден голем тим кој има одлични фудбалери на повеќето позиции кои беа помеѓу главните ѕвезди на нивната селекција на штотуку завршеното Европско првенство во Франција.