Најверните вардарови навивачи дојдоа предмалку на последниот тренинг на црвено-црните пред утрешниот меч во Лигата на шампионите и им изразија поддршка. Тие ги охрабрија избраниците на Гоце Седлоски за утрешниот дуел и побараа едно ново вардарово чудо слично на она со ЦСКА Москва кога успеавме да елиминираме поскап и далеку подобар противник од нас. Во продолжение кратко видео од пиротехничкото шоу кое Комити им го приредија на игралите.
