“Јуниор“ лигата која беше во целост проект на ракометниот клуб Вардар беше вистинско откритие, но и голема среќа за сите спортисти кои се занимаваат со овој спорт. Голема беше честа за ракометните школи низ цела Македонија да бидат дел од “Јуниор“ лигата, каде нивните деца имаа можност преку натпреварите да ги покажуваат своите квалитет. Повеќе од 20 ракометни школи беа дел од овој голем проект на РК Вардар, кој се очекува да биде зголемен во следната натпреварувачка сезона. Ние како медиум продолжуваваме да ги промовираме најмладите, кои беа дел од лигата и да ги дознаеме нивните впечатоци и мислења за оваа лига. По одигрувањето на финалните и оние натпревари за трето место се доделуваа поединечни награди за најдобрите поединци на завршниот турнир. Токму вакво признание и тоа за најдобар играч доби Софија Крстевска која тренира ракомет од својата 11-та година со желба да стане една од најдобрите ракометарки.
-Првата сезона од оваа “Вардар Јуниор лига“ за нашиот клуб Кале-Вардар од Кичево започна многу успешно во сите генерации. За нашите добри резултати најголема заслуга имаат нашите тренери: Драган Кузманоски, Ѓоко Маркоски и Анастасија Стефаноска. Секако тука сме и ние играчите кои до последниот натпревар заедно се дружевме и победувавме.
Софија беше дел од екипата на Академија 1, која стана шампион кај генерацијата родени 2002/03, откако во финалниот дуел беа подобри од РК Кастратовиќ.
-Во лигата јас со Академија 1 станав шампион, оваа академија беше составена од играчи од Прилеп и Делчево. Од различни страни не споија сите но тоа за нас не претставуваше проблем, затоа што сите имавме една цел, а тоа е да го земеме првото место во нашата генерација 2002/03.
Признанието за најдобар играч на завршниот турнир во оваа генерација и припадна токму на Софија, која беше една од најзаслужните за освоеното прво место. Таа во големото финале беше најефикасна, постигнувајќи 8 голови.
Ова натпреварување за мене претставуваше прекрасен проект каде ние децата имаме шанса од најмала возраст да ги покажиме своите ракометни капацитети. Јуниор лигата за мене имаше позитивно влијание, затоа штоАкадемија 1 успеа да остане непоразена, а јас го добив признанието за Најдобар играч. Ова признание за мене претставува еден голем успех и остварување на мојот сон. Со ова јас продолжувам да работам повеќе и мојата желба за успех во ракометот е се поголема, изјави Софија Крстевска за Вардар Фанс.
Звонко Ивановски