Екипата на Динамо Загреб вчера во попладневните часови пристигна во Скопје, каде вечерва ги очекува натпревар со нашиот Вардар во рамките на второто квалификациско коло од лигата на шампионите. Клубот од Хрватска одржа и пресконференција, обратувајќи им се на нашите медиуми во пресрет на овој натпревар. На пресот своите очекувања ги изнесоа тренерот Крањчар и капитенот Антолиќ.
-Вардар денес ќе сака да се докаже, го анализиравме на подготовките и нема многу тајни помеѓу двата тима. Очекувам поволен резултат, ние сме поискусна екипа, со голем број европски натпревари и затоа имаме фаворитска улога, но не се занесуваме со таквата позиција. Подготвени сме за мечот, до почетокот на дуелот ќе решиме уште неколку детали и верувам дека ќе се покажеме во одлично издание. Секогаш било тешко да се игра против Вардар и во Загреб и во Скопје. Во сеќавање ми е останат натпреварот од 1982 година кога тука го победивме Вардар со 3:0, изјави Златко Крањчар
Капитенот Антолиќ рече дека Динамо е поквалитетен и посикусен, но дека сепак очекува тежок натпревар.
-Сметам дека сме поквалитетни и поискусни од Вардар, но не очекува тежок натпревар. Вардар ќе сака да се покаже пред својата публика. Ние би биле задоволни со добра игра и нерешен резултат, изјави Домагој Антолиќ.