Мечот почна со претпазлива игра на двата тима , први иницијативата ја преземаа гостите од Загреб, “модрите“ први се обидоа да се заканат но безопасно. Први две изгледни прилики имаа нашиот ФК Вардар во првата доцнеше Петар Петковски со подавањето. Втората прилика во 15 минута ја имаше Јасир Асани кој одлично се ослободи од својот чувар шутна кон голот, но одбрани Антонио Јежиња. Динамо се обидува да преземе иницијатива, но сето тоа изгледа безопасно бидејќи нашата одбрана е одлично позиционирана. Динамо Загреб ги казни двете наши пропуштени прилики со еден “евтин гол“ во 21 минута по една нафрлена топка Мијушковиќ кикса и топката завршува зад грбот на Пачовски. Црвено-црните во продолжение се обидуваат да се ослободат од грчот, и се почесто се префрлаат на противничката половина. Којашевиќ се обидува со волеј во 29 минута од мечот, топката зафаќа еден играч на Динамо и завршува во корнер. Повторно казна за нашето промашување стига во 30 минута кога Марко Рог погодува рутинирано за водство од 2-0 на гостите. Којашевиќ повторно се обидува одличен удар од 20 метри топката минува крај левата статива, во 35 минута. Петковски погодува статива во 36 минута од мечот, целиот стадион на нозе сите ја видоа топката во гол за жал таа заврши во поле. Во продолжение мирна игра на двете страни, без посебни возбудувања. Хоф имаше една убава шанса во 45+ топката заврши во корнер. Тоа беше последно нешто за одбележување во првиот дел.
На почеток на второто полувреме Седлоски се одлучи да направи две измени во Вардар. На местото на Петар Петковски во игра е Џонатан Боарето, и на местото на Никола Глигоров на терен е Дарко Велковски. Вардар ја има почетната иницијатива во вториот дел од овој дуел. Во првите пет минути од вториот дел поголем процент на посед имаат црвено-црните. Ја начнавме мрежата на Динамо преку Хоф во 55 минута кој прими одличен пас од Фелипе, ерупција на Градскиот стадион сите во еден глас :Ајде Ајде Вардаре ечеше. Добра шанса имаме минута потоа од слободен удар, но неуспеваме да изедначиме. Динамо се заканува преку Јуниор Ферндеш во 58 минута, топката минува крај голот на Вардар. Вардар прави притисок во продолжение обидувајќи се да дојде до гол за посакуваните 2-2. Дарко Велковски со волеј се обиде во 65 минута, но за жал топката не заврши во голот. Двојна шанса за “модрите“ во 68 минута , сепак конечно среќата е на наша страна оваа вечер. Во 71 минута ја правиме третата измена на место на денес одличниот Асани влегува новото засилување за црвено-црните Обрегон. Хоф во 75 минута упатува удар кој завршува во рацете на Јежина. Голема шанса повторно погодивме статива преку Балотели во 82 минута, среќата не не посака. Филипе од слободен во 85 минута ја “почеша“ гредата од горната страна, воздишки кај бројната публика. Пречка Којашевиќ во 92 минута. Едноставно немавме среќа да изедначиме.