Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Седлоски: Нема што да им замерам на моите играчи,верувам во нив дека ќе одиграат подобро во Загреб
Седлоски: Нема што да им замерам на моите играчи,верувам во нив дека ќе одиграат подобро во Загреб

Седлоски: Нема што да им замерам на моите играчи,верувам во нив дека ќе одиграат подобро во Загреб

Екипата на Вардар беше несреќно поразена на првиот натпревар од второто квалификациско коло, од екипата на Динамо Загреб. Овој дуел се одигра на арената “Филип втори’ и заврши со триумф на хрватскиот шампион од 1:2. По првиот дел гостинската екипа имаше водство од 0:2, откако дозволивме да примиме многу лесни голови. Во втоеото полувреме бевме многу подбри на теренот од ДДинамо Загреб, но среќата ни го сврте грбот. Покрај постигнатиот гол, имавме можност барем уште најмалку еднаш да ја тресеме мрежата на Динамо. Петковски и Балотели ја погододија стативата, додека во последните минути од мечот, гредата од противничкиот гол беше сојузник на Динамо, откако биеше Којашевиќ. После завршување на мечот се одржа пресконференција на која се обрати, шефот на стручниот штаб на Вардар, Гоце Седлоски. Тој напомена дека слабо сме го започнале мечот, но како одминувал сме играле се подобро и дека нема што да им замери на своите избраници.

-Најпрво честитки до Динамо за победата. Моите играчи дадоа се од себе против еден силен противник. Примивме два наивни голови, имавме стативи, пречки и на крајот среќата ни го сврте грбот. Честитки за залагањето на фудбалерите, играа одлично и дисциплинирано до крај, но резултатот е тој. Имаме уште 90 минути и нема да се предадеме. Треба една анализа кога ќе ги изладиме главите. Влеговме во првите 5-10 минути како под грч, но како одминуваше времето бевме подобри. Потоа дојдоа тие два ефтини голови. Верувам во момците, одиме во Загреб да направиме резултат. Нема што да им замерам на играчите, секоја чест одиграа одлично. Игравме напаѓачки фудбал, сакавме да не примиме гол, но за жал ние примивме два и сега со тежок резултат одиме на вториот натпревар. Во вториот дел пробавме со измени, а и несреќа е што Петковски се пожали на повреда па мораше да менуваме.

Седлоски напомена дека овој резултат нема да не обезхрабри и со сите сили ќе нападнеме на гостувањето на Маскимир, да извлечеме поволен резултат.

-Играчите се тажни, свесни дека можеше да биде поинаку. Меѓутоа јас верувам во нив и верувам дека ќе одиграат подобро во Загреб. Ќе дадеме се од себе да направиме чудо, иако ќе биде многу тешко. Не се предаваме. Можам да ветам дека ќе тренираме напорно за реваншот и се надеваме на позитивен исход, дека на тој меч ќе не послужи и среќата која ја немавме вечерва и ќе направиме едно чудо, изјави Гоце Седлоски.