Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Крањчар: Го добивме посакуваното- Рог: Среќни сме поради триумфот во Скопје
Крањчар: Го добивме посакуваното- Рог: Среќни сме поради триумфот во Скопје

Крањчар: Го добивме посакуваното- Рог: Среќни сме поради триумфот во Скопје

По мечот вчера во шампионската лига помеѓу ФК Вардар и Динамо Загреб свое видување за истиот на прес-конференција изнесе стратегот на хрватскиот тим , Цицо Крањчар. Тој беше задоволен од резулатот 1-2 кој му носи предност пред реваншот, но и беше претпазлив во оценките:

Го добивме посакуваното, а тоа е добар резултат на гостувањето кај Вардар. Добро тргнавме на почетокот, наметнавме темпо, но Вардар покажа дека е силен на полуконтрите. За наша среќа не ги искористија своите шанси. Во второто полувреме и двете страни одиграа отворено, екипите беа израмнети иако Вардар два пати ја погоди рамката од голот. Мораме да анализираме што се случуваше, но предноста од 2:1 би требала да ни даде мирен реванш. Се виде искуството кое беше на наша страна, и тоа го искористивме.

По мечот своја  изјави имаше и  стрелецот на вториот гол за Динамо Загреб на вчерашниот меч  Марко Рог, тој го кажа следново:

Среќни сме поради триумфот во Скопје. Мислам дека го заслуживме. Се играше по многу тешки услови, беше неверојатно жешко. Имаме убава предност во пресрет на реваншот во Загреб, но знаеме дека не очекува уште еден тежок натпревар. Вардар е квалитетен тим, но ние потврдивме дека сме подобри и во Скопје, а тоа ќе го сториме и во Загреб.