Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Дарио Јовановски: Гордост е да се игра за Вардар, клуб кој асоцира на место каде владее еуфорија и желба за победа
Дарио Јовановски: Гордост е да се игра за Вардар, клуб кој асоцира на место каде владее еуфорија и желба за победа

Дарио Јовановски: Гордост е да се игра за Вардар, клуб кој асоцира на место каде владее еуфорија и желба за победа

Вардар фанс во следниов текст ќе ве запознае со напаѓачот на Вардаровата генерација родени “2003“. Се работи за Дарио Јовановски кој имаше одлична сезона зад себе, каде беше втор најдобар стрелец за својата екипа , постигнувајќи вкупно 14 голови. Дарио е стандарден во составот предводен од Ане Андовски и еден од најдобрите играчи на оваа генерација. Играч кој располага со многу квалитети во фудбалската игра и кој допринесува за добрите игри на екипата.

-Јас започнав со фудбалот од 6 години ненадејно кога на игралиштето во школскиот двор ме виде еден од тренерите на фк Металург Сашко Караџов, кој ме замоли да дојдам и да играм во Металур и тоа за мене беше голема радост. Го гледам фудбалот како една голема возбуда, игра во која секоја минута адреналинот расте. Ако успеам во фудбалот да стигнам до одредено ниво ,мојата желба ке се оствари и ќе бидам многу радосен и горд на себе. Проектот јуниор лига е мошне добар во него може сите тренери и кординатори да ја видат сработената работа на секој клуб и секое дете колку вложило во себе за да успее во фудбалот.

Желба на секое дете е во својата играчка кариера да настапува за најголемиот клуб во Македонија.

-За мене е гордост да играм во Вардар, да го носам црвено црниот дрес бидејки не може да игра секој . Секогаш кога ќе слушнам за Вардар, ме асоцора на стадион каде владее еуфорија желба за надигрување и за победа. 

Оваа генерација имаше перфектен есенски дел од сезоната, каде имаше примено само еден гол и со максимален број ан освоени бодови. Исто така се пласираа на завршниот турнир на детската лига, каде стигнаа до осумте најдобри екипи.

-Со генерацијата 2003 стигнавме до 1/4 во детската лига заслуживме да идеме понатаму но немавме среќа . Првата полу сезона ни тргна во најдобар ред со само еден примен гол и без загубен натпревар ,на почетокот на втората полу сезона имавме мали падови но набрзо се вративме во форма и го задржавме првото место на табелата.

Напорната работа и труд се главните фактори според Дарио, за да се стигне до посакуваната цел.

-Моите планови за иднината се да продолжам да тренирам напорно и да продолжи соработката со нашиот тренерот Ане Андовски, останатото ке дојде само по себе . Се надевам кога ќе пораснам дека ке играм во некој од поквалитетните клубови во Европа, изјави Дарио Јовановски за нашиот сајт.

Звонко Ивановски