Главен делител на фудбалската правда за реваншот во Загреб кој ќе се игра на 20 јули ќе биде русинот Сергеј Иванов. На вторит дуел со Динамо Загреб помошници арбитри ќе бидат Дмитри Мосиакин и Роман Усачев, а пак делегат ќе биде англичанецот Мајк Фостер. Во првиот меч во Скопје правдата ја делеше судија од Премиер-лигата англичанецот Роберт Мадли кој дебитираше на меѓународна сцена баш на тој дуел, судеше релативно корекно и ако еден од неговите помошници превиде офсајт ситуација кога Динамо имаше двојна шанса и ја погоди единствената статива за нив на тој дуел во второто полувреме.
Овој реванш меч со “модрите“ од Загреб е закажан за во среда 20 јули со почеток во 20 часот и 45 минути.