Од 19-24 јули во Стокхом ќе се одржи најсилното Европско Првенство за кадети досега во историјата на борењето. Оваа година сите земји имаат право да пријават и настапат со по два преставника во секоја тежинска категорија. Водечките велесили Русија, Грузија, Азербеџан, Турција и Украина… ќе настапат во полни состави со двапати поголем број преставници. Со самото тоа , конкуренцијата ќе биде многу поквантитетна и поквалитетна и речиси за малите земји дури ни теоретски шанси не преостануваат да се закитат со медалите.
И покрај бранувањата и негативните случувања во Македонската боречка федерација остануваме без личност на фунцијата Претседател на федерацијата, со што канцеларијата и активностите на репрезентатицијата се во колапс. Стручниот штаб на БК Вардар одлучи, после после повеќекратни писмени барања до федерацијата ( на кој никој не не удостои да одговори), да му овозможиме на нашиот кадетски шампион Рамазан Гаџиханов (58 килограми-слободе стил) да учестувава на ова Европско Првенство. Од клубот во изјава за нашиот сајт за ова велат:
Го запознаваме и подпретседателот на федерацијата Могамед Ибрагимов, дека доколку Федерацијата изнајдеше стрества за учество, на прво место, како најтелентиран и со големи шанси да се постигне некој позначаен резулат е токму Рамазан. Да не биде како во изминатито период, МОК и Агенцијата да обезбедат стрества за учество на меѓународни активности, а наменете на истите да се искорисат за ненаменски или за други лица! Патните трошоци се околу 500 евра, а самото учество на Европското првенство чинио 4х180 chf (швајцарски франци), ОДНОСНО 720 chf И 100 chf за партиципација за учество или вкупно околу 1300 евра, без здолжена спорска опрема. Во предвид беа двајца борачи на БК Вардар да учестуваат, но поради економски причини, во состојба сме да му обезбедиме пат и учество само на Рамазан и еден тренер. Му посакуваме на младиот Рамазан успешно дебитирање во Македонскиот дрес и добар пласман, за полетокот на кариерата.
ПООПШИРНО: Ние како Вардар фанс ви донесовме статија со наслов “ Вардар има нов “вундеркинг“, Рамазан Гаџиханов супериорен на Изборното првенство за кадети“, во која ја запознавме вардаровата јавност со истиот, таа статија може да ја прочитате ТУКА!