Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Карачиќ и Циндриќ ја темпираат формата, играјќи подготвителни мечеви за својата репрезентација како подготовка за ОИ во Рио
Карачиќ и Циндриќ ја темпираат формата, играјќи подготвителни мечеви за својата репрезентација како подготовка за ОИ во Рио

Карачиќ и Циндриќ ја темпираат формата, играјќи подготвителни мечеви за својата репрезентација како подготовка за ОИ во Рио

Хрватската ракометна репрезентација го одигра првиот тест натпревар, во пресрет на олимписките игри во Рио. Противник за избраниците на Жељко Бабиќ беше силната селекција на Шведска, која успеаа да ја совладаат со резултат 26:24. Во составот на Хрватската селекција за овој натпревар беа и Вардаровите играчи, Игор Карачиќ и Лука Циндриќ.

Во првите 15 минути од натпреварот се играше израмнето, иако мора да се напомене дека Шведска имаше постојано предност од еден гол, до моментот кога со серија од 4:0 Хрватска успеа да се одлепи од противникот. За момент Шведска се доближи до нивното водство, но следеше уште една серија на неколку последователни погодоци за Хрватска, кои им овозможија на полувреме да имаат предност од 16:11.

Во текот на целото второ полувреме, избраниците на Бабиќ ја одржуваа стекнатата предност, која на моменти достигна и шест голови разлика. До крајот на мечот, дојде до мало олабавување кај Хрватска, што им овозможи на Швеѓаните да намалат на пристојни два гола негатива, за конечни 26:24. Игор Карачиќ беше четврти најдобар стрелец за својата репрезентација со 3 постиганти голови, додека неговиот соиграч од Вардар, лука Циндриќ додаде 2.

Да потсетиме дека овие двајца се единствените од редовите на Вардар, кои ќе не претставуваат на овие олимпски игри во Рио. Во сабота истиве селекции ќе одиграат нов контролен натпревар и тоа во Задар.