Tuesday ,26 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Кети Ангеловска: “Јуниор“ лигата ја гледам како голем предизвик за сите учесници кои се вклучени во оваа лига, каде имаат можност за напредок и дружење
Кети Ангеловска: “Јуниор“ лигата ја гледам како голем предизвик за сите учесници кои се вклучени во оваа лига, каде имаат можност за напредок и дружење

Кети Ангеловска: “Јуниор“ лигата ја гледам како голем предизвик за сите учесници кои се вклучени во оваа лига, каде имаат можност за напредок и дружење

Откако на чело на ракометните црвено-црни клубови дојде рускиот сопственик, господинот Сергеј Самсоненко многу работи тргнаа во позитивна насока. Покрај тоа што добивме спортски центар “Јане Сандански“ каде сите потреби се задоволени на првотимците станавме единствен клуб кој има сала на располагање само на младите категории, а тоа е С.р.ц “Кале“. Сепак тоа ни одалеку не беше се клубот реши да создаде регионални школи ширум земјава, а подоцна и своја лига. Најпрвин Вардар се реши за масовен проект за стипендирање ракометни школи низ цела Македонија. Одкако се поставија основите и почнаа да се регрутираат младите ракометни надежи низ целата република во вардаровите школи се појави потреба од нивно “соочување“ со натпревари во лига систем. Тука клубот се реши на одличен проект ракометната “Вардар Јуниор лига“. Истата оваа сезона за првпат беше активна во неа стотици деца од регионалните школи се сретнуваат и натпреваруваат со своите врсници, усовршувајќи ги своите ракометни вештини, учејќи нови работи за ракометната игра. Ние продолжуваме со промоција на учесниците во лигата. Во следниов текст ќе ве запознаеме со најдобриот стрелец кај генерација роден 2000/01. Се работи за Кети Ангелоска која настапува за екипа на РК Делчево.

-Ракомет започнав да тренирам на десет годишна возраст во екипата на РК Делчево, со која имам постигнато многу успеси. Љубовта кон ракометот почнувам да ја добивам кога имам само три години. Иако не се сеќавам моите родители ми раскажуваат како не сум пропуштила ниту еден ракометен натпревар. Може да се каже дека уште од мали нозе го сакам овој спорт.

РК Делчево е шампион кај генерацијата родени 2000/01. Тие во големото финале беа повеќе од убедливи во дуелот со своите врснички од екипата на РК Филип-Вардар.

-“Вардар Јуниор“ лигата ја гледам како голем предизвик за сите учесници кои се вклучени во оваа лига, каде имаат можност за напредок и дружење. Со мојата екипа РК Делчево успешно ја завршивме првата сезона во ова натпреварување на првото место. Во текот на целата натпреварувачка сезона немавме ниту еден пораз. На секој натпревар се трудевме да го покажеме најдоброто од нас, истовремено стекнавме многу пријателства, нови искуства и научивме некои нови работи кои ќе ни помогнат за во иднина. На завршниот турнир на “Јуниор“ лигата вложивме најмногу труд, со што некои од нас освоија и поединечни награди.

Кети ја понесе наградата за најдобар стрелец на завршниот турнир на “Јуниор“ лигата.

-На мене ни припадна признанието за најдобар стрелец во ова натпреварување за сезоната 2015/16. Неможам да го опишам чуството кога го слушнав моето име. За оваа награда најмногу сум благодарна на мојот тим, кој ми помогна да успеам и да го кренам пехарот за најдобар стрелец на завршниот турнир. Голема благодарност и до тренерот Горан Велков кој вложува многу труд да не насочи на правилен пат во ракометот, пренесувајќи ни ги знаењата и тајните на овој спорт. Тука се и нашите родители кои допатуваа на финалниот меч да ни ја дадат својата поддршка.  Секако дека не застануваме тука, со мојата екипа продолжуваме и понатаму да редиме успеси и да освојуваме награди, изјави Кети Ангеловска за Вардар Фанс.

Звонко Ивановски