Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Младинските фудбалски категории започнуваат со тренинзи, како увертира за предизвиците кои им следат во новата сезона
Младинските фудбалски категории започнуваат со тренинзи, како увертира за предизвиците кои им следат во новата сезона

Младинските фудбалски категории започнуваат со тренинзи, како увертира за предизвиците кои им следат во новата сезона

Младинските категории на фудбалскиот клуб Вардар ги започнуваат подготовките за новата натпреварувачка сезона, кои најпрво ќе се одвиваат на новата академија

Први кои стартуваа со тренинзи е младинскиот состав предводен од тренерот Љупчо Марковски. Инаку оваа највозрасна генерација ќе го брани трофејот освоен во првенството, за минатата сезона. Денес со почеток од 10:00 часот својот прв тренинг ќе го одржаа и пионерските екипи. Помладите пионери на Јанев и пионерите на Тодоровски ќе го имаат првото загревање, како увертира на предизвиците кои следат во наредниот период. Знаеме дека пионерите ја бранат двојната титула, освоена за изминатата сезона. Својот прв тренинг, но во вечеран термин од 19 часот ќе го одржат и Вардаровите кадети, чиј тренер останува Влатко Колев.

Првата фаза од подготовките ќе се одвиваат на академијата, додека дополнително во наредниве денови треба да се одреди местото каде ќе се одвива главниот дел од припремите за новата натпреварувачка сезона. Пред заминувањето, сите генерации ќе одиграат неколку контролни натпревари со цел да се вратат во ритам и да ја подигнат посакуваната форма. Допрва треба да се случуваат и промени во играчкиот кадар кај сите генерации. Дополнително ќе ве известуваме за нови информации, поврзани со младинските екипи на ФК Вардар.