Доколку се надминат себе и направат изненадување избраниците на Седлоски ќе играат во следното трето предквалификациско коло во УЕФА Лигата на шампионите. Потребен е изнендвачки резултат во Загреб кај Динамо на 20-ти јули на мечот кој почнува во 20-45, одкако во Скопје во вторникот на Арената “Филип втори“ сосема незаслужено бевме поразени со 1-2, иако бевме подобар противник на мечот. Уефа денес ќе ја влече ждрепката за 3. квалификациско коло за ЛШ, истата е закажана со почеток во 12-00 часот.
Вардарци доколку успеат да го минат “модрите“ ќе ја преземаат носителската улога од Динамо Загреб за дуелите во следната рунда од шампионската лига. Скратена е групата на пет можни противници кои може да се сретнеме во евентуалното следно коло, нивните имиња покажуваат дека според системот на УЕФА третото коло е секогаш помал предизвик за нас од второто. Победникот од дуелот Динамо Загреб- ФК Вардар ќе вкрсти со едем тим кој ќе биде подобар во следните дуели :
- Розенборг – Норчепинг,
- Астана – Жалгирис,
- Шериф Тираспол -Хапоел Бер-Шева,
- Динамо Тбилиси – Алешкарт или
- Тренчин – Олимпија Љубљана.