Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Во вторник Вардар СЦЈС ќе го дознае противникот во Купот Челинџ

Во вторник Вардар СЦЈС ќе го дознае противникот во Купот Челинџ

Младите црвено-црни ракометарки од  втора женска екипа Вардар СЦЈС годинава  по третпат во нивната кратка историја ќе игра во европските купови. Тие повторно како и лани ќе настапуваат во   Купот Челинџ. Европската куќа на ракометот, ЕХФ веќе ги објави имињата и барабаните на екипите што ќе играат сезонава. Нашите девојки   се сместени меѓу носители и директно ќе играат во 3 коло.

Во ждрепката за 3 коло ќе се најдат  вкупно 32 екипи, и истата е закажана за во вторник на 19 јули кога ќе биде познат нашиот противник во ова европско натпреварување. Според планот првите мечеви помеѓу екипите кој ќе играат во ова коло кое ќе се извлече во вторник ќе  се играат на 12 / 13 ноември, а реваншите би се играле една недела подоцна. Во изминатата сезона во истото натпреварување  стигнавме до четврт-финалето и за еден чекор пропуштивме да се најдеме во топ-4 тимовите во ова натпреварување, кобен беше поразот   во Украина кај Карпати кој беше единствен неуспех во шест меча, другите пет дуели ги завршивме со 100 процентен ефект.  Во ждрепката може да ни се падне една од овие екипи: Даниловград (Црна Гора), Макаби Рамат (Израел), Олимпија (В.Британија), ХИФК (Финска), Мира Пједор (БиХ), Јоми Салерно (Италија) Мулнер Бау Штокерау (Австрија), Фемине Висе (Белгија), Свиленград (Бугарија), Мамули (Грузија), Просетекника БМ Зуазо (Шпанија), Дњепрјанка (Украина) На оваа група треба да се приклучат и четири победници од 2 коло, во кое свое место има и друг македонски тим Куманово.