Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > БОРЕЊЕ! Вардар има нов “вундеркинг“, Рамазан Гаџиханов супериорен на Изборното првенство за кадети
БОРЕЊЕ! Вардар има нов “вундеркинг“, Рамазан Гаџиханов  супериорен на Изборното првенство за кадети

БОРЕЊЕ! Вардар има нов “вундеркинг“, Рамазан Гаџиханов супериорен на Изборното првенство за кадети

Изминатиот викенд се одржа “Изборното првенство“ за кадети во борење слободен стил. Тоа се одржа  во Припел и на истото  учестува 11 клуба кои настапија со 49 борачи. Ова првенство го одбележа црвено-црниот кадет младиот борач Рамазан Гаџиханов. Тој е син на познатиот Насир Гаџиханов, кој настапуваше за Република Македонија на Олимписките игри во Сиднеј каде имаше одличен настап и освои  седмото место.

Нашиот Рамазан настапи во категоријата до 58кг, тој и ако помлад од  останатите борачи беше супериорен во  сите борби кој ги освојуваше со голема разлика, тешнички туш. БК Вардар се надева дека годинава ќе освои олимписка норма кај сениорите  за во Рио, но и покрај спроведувањето на оваа цел не ги запоставува и помладите категории. Целта на црвено-црните е да имаме репрезенативци од Вардар во сите старосни категории. На првенството во Прилеп Вардар успеа покрај веќе етаблираните Халил, Тимур, Христијан, Нуров, Видиќ, Павлев и останатите да го промовира и   младиот Насир Гаџиханов (син на прерано починатото македонски Олимпиец Насир Гаџиханов).

На денешен ден лани со големо задоволство ја примивме веста за освојувањето на бронзата на Халил Зубаиров на Европското првенство У-23 во Полска. Тоа е само еден показател колку црвено-црните вложуваат во младите борачи, видеата и фотографиите од ласникиот успех може да ги видите -ТУКА