Селекторот на младинската машка ракометна репрезентација Александар Јовиќ го објави списокот на ракометари на кои ќе смета на подготовките, во рамките на квалификациите за Европското ракометно првенство во Данска. Никола Кизиќ, Тоше Ончев, Стефан Трпчевски, Александар Димовски, Кристијан Анастасовски и Дејан Кукуловски кои настапуваат за РК Вардар 2 во првата ракометна лига, Кристијан Давитковски од РК Вардар Јуниор во супер лигата и Антонио Николовски од младинците на РК Вардар Јуниор се најдоа на списокот на селекторот Јовиќ.
Подготовките ќе започнат од понеделник во салата во Автокоманда и ќе траат до 7-ми април, во рамките на квалификацискиот турнир кој ќе се игра во Швајцарија во периодот од 8-10-ти април. Нашта млада селекција е во група со домаќинот и со репрезентациите на Црна Гора и Фарски Острови. Првите две пласирани селекции ќе обезбедат учество на ЕП во Данска.