Мечот се одигра во салата „Форца“. која има капацитет од 500 седишта, нашиот млад црвено-црн тим рамноправно се носеше со фаворитот екипата Работнички, но за жал не успеа да го заврши мечот со поволен резулат. Јуниор отвории одлично создаваше предност, го контролираше мечот и по првата половина од првото полувреме водеше со 4:7. Ракометарите на Работнички заиграа поорганизирано и дојдоа до поволен резулат 13:13, кој стоеше на семафорот во “Форца“ по 30 минути игра по што се замина на одмор. Вториот период за разлика од првиот домашните играчи го отворија подобро и со мини серија 2-0 поведоа со 15-13. Сепак младите момци Вардар јуниор брзо се врати во мечот. Се играше во продолженито гол за гол со промени на водството и во последните 10 минути нашите момци имаа триумф во рака, бидејќи водеа со 24:26. За жал до крајот на натпреварот му дозволивме на Работнички да се врати со серија од три гола едноподруго и да трумфира. По поразот Јуниор останува на 6-то место со 21 бод и до крај имаат да го одиграат само 18-то коло кога се сретнуваат со Охрид, на домашен терен.
