Девојките од црвено-црниот женски ракометен колектив имаа успешни дружби со фановите во неколку скопски општини. Тие претходно се сретнаа со фановите на црвено-црните и навивачите во општините Центар, Карпош и Кисела Вода. Утре ракометарките на Вардар доаѓаат на голема дружба и забава во општината Аеродром.
Оваа нова средба со идолите е закажана за утре (недела 27 март) и истата ќе има почеток во 13:00 часот. Локацијата каде ќе се одвива е пред Капитол мол. Предвидено е настанот да трае еден час и исто како и на изминатите, навивачите ќе можат да се запознаат со девојките , со нив да се фотографираат , да добијат автограми. Исто така ќе може да ги покажат своите ракометни вештини и да се натпреваруваат за вредни награди. Ова е шанса да им искажеме поддршка на ракометарките на Вардар пред големиот предизвик кој следи за нив, 1/4-финалето во Л.Ш со екипата на Ларвик закажано за на 2 април, со почеток во 17:30 на домашен терен.