Вчера нашето Црвено-Црно семејство со гордост ја прими прекрасната вест од Полска на Европското првенство за борачи до 23 години нашиот Репрезенативец и член на БК Вардар се закити со бронзен медал. Премрежјата до ова европско одличје беа долги лошата финсиска состојба на Македонското борење и неможноста да се подготви и реализира едно европско со многу залагање лично на Професорот Пешко шефот на стручниот штаб на БК Вардар и целиот колектив на црвено-црните се успеја во оваа мисија медал за Македонија . Без сериозна подршка од најповиканите за борењето во земјата , но со ентузијазмот , вољата па и финсиите на БК Вардар се успеја да Македонија биде побогата за уште еден медал во овој спорт. Сепак на крајот од денот се брои само успехот а тој дојде во борба за бронзен медал во категоријата до 86 килограми каде нашиот Халил го победи борачот од Шпанија Даниел Рама со резултат 7-1. ВИДЕО>>>>
Репасаж борбата против членот на Украинската репрезенација Лила Арчаја победа од со 12-4 која даде можност да се бориме за медал за Забаиров ВИДЕО>>>>
Деби борбата на Халил со која тргна во походот на бронзата ,убедлива победа од 11-1 над борачот од соседна Бугарија Медвед Гази ВИДЕО>>>>
ФОТОГАЛЕРИЈА : Од Европското првенство за борачи до 23 години во Полска !