Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Браво ! Бронзен медал од Европско Првенство за Зубаиров борачот на БК Вардар
Браво ! Бронзен медал од Европско Првенство за Зубаиров борачот  на БК Вардар

Браво ! Бронзен медал од Европско Првенство за Зубаиров борачот на БК Вардар

Европска бронза за Зубаиров нашиот алтан на БК Вардар .Како што ве известувавме во текот на денешниот ден на Европското првенство во борење до 23 години во Валбрежич Полска, нашиот борач од Борачкиот клуб Вардар како член на Македонската репрезенација Зубаиров имаше тешки борби со уште посилни противници.

Во последната борба за медал нашиот млад борач го победи борачот од Шпанија Даниел Рама со резултат 7-1.Во текот на целата борба Халил ја имаше контролата на борбата и константно беше во предност се до крајот на 3 рунда кога со последниот зафат за 2 поена од 5-1 го зголеми водствотo на 7-1 и  ја осигура победата . Ова злато многу значи за промоција на борењето особено за промоција на нашиот ревитализиран БК Вардар. Утрово Халил тргна во походот со победа од 11-1 над Бугаринот Медвед Гази, па пораз во 1/4 финалето од финалистот во ова категорија до 87 кг. и  со победата во репасажот против Украинецот Лила Арчаја со 12-4 му се даде шанса која ја зграби младиот борач со бронзен медал .

Честитки до самот Зубаиров Халил и шефот на стручниот штаб Љубиша Пешко кој во ваква пеколна конкуренција донесоа медал за Македонија.