Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Бабиќ: Вардар е неверојатен тим – Пешиќ: Ако сакаме да го победиме Вардар треба да дадеме 150% од себе

Бабиќ: Вардар е неверојатен тим – Пешиќ: Ако сакаме да го победиме Вардар треба да дадеме 150% од себе

Екипата на Брест Мешков беше поуспешна во првиот 1/4 дуел од сеха-лигата, против екипата на Нексе. Така во полуфиналето кое е на распоредот во сабота, ќе играат Вардар и Мешков. На прескоференцијата после мечот со Нексе, тренерот Бабиќ и голманот Пешиќ го изнесоа своето мислење за 1/2 меч со Вардар.

-Вардар е неверојатен тим. Против нив е многу тешко да се игра и тоа го осетија многу клубови во Европа. Морам да бидам искрен и да кажам дека за прв пат во живот сакам да играм против нив , и на своја кожа да почуствувам колку се силни. Морам да нагласам дека одиме на победа. Вардар сигурно ќе биде 100% спремен, бидејќи вистинските спортисти секогаш сакаат да победат. Вардар ќе сака да не победи, но незнам дали ќе успеат во тоа. Ако сакаат да не победат, мора многу да се испотат, изјави Жељко Бабиќ.

1947574_566659410103470_3211642799391828622_n

 

-Вардар на некој начин и ни одговара. Ги победивме убедливо на домашен терен, но ако сакаме овде да ги добиеме ќе треба да дадеме 150% од себе, изјави нивниот голман Иван Пешиќ.