Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Јована Мицевска-големата надеж на Жрк Вардар
Јована Мицевска-големата надеж на Жрк Вардар

Јована Мицевска-големата надеж на Жрк Вардар

Јована има 14 години и е член на кадетската и младинската екипа на Жрк Вардар. Ракомет почнува да тренира кога има шест години. Нејзината голманска кариера започнува многу чудно. Случајно на еден тренинг на кој била присутна и Јована, на тренерот му недостигал голман за да го одработи тренингот. Токму Јована застанува на голот, па од тогаш ја задржува таа позиција, каде денес бележи големи резултати и успеси зад своето име. За прв пат започнува да тренира во ракометната школа на Зоран и Индира Кастратовиќ.

Во Вардар настапува од 2012 година. Покрај кадетската и младинската екипа, има настап и за првиот тим на Жрк Вардар, каде дебитираше оваа сезона на натпреварот со Пелистер одигран во првиот дел од сезоната. Продолжи на меч, против екипата на Жито Прилеп каде имаше успешна партија, забележувајќи седум успешни интервенции од кои два удари од седум метри. Добрите игри кои ги пружа во помладите категории, беше знак за Индира Кастратовиќ повторно да и даде шанса во составот, на дуелот со Пелистер кој се играше во понеделникот.

На турнирот Вардар-“еден живот една љубов“ кој се одржа во Скопје, во организација на ракометниот клуб Вардар, Јована добива ново големо признание. Ја добива наградата за најдобар голман на турнирот. Уште од сега има голема можност да учи од врвни голмани како Суслина, Лејно и Петковска.Секако една од најголемата заслуга за нејзиниот напредок го има и тренерот Александар Царчев. Пред неа е една блескава иднина и кариера. Се смета за голема надеж на Вардар и Македонскиот ракомет.

Звонко Ивановски