Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар-Брест Мешков во 1/2 на Сеха-лигата
Вардар-Брест Мешков во 1/2 на Сеха-лигата

Вардар-Брест Мешков во 1/2 на Сеха-лигата

Пред малку заврши првиот 1/4 дуел во рамките на сеха-лигата. Екипата на Брест Мешков успеа да го совлада Хрватскиот преставник, екипата на Нексе и да закаже полуфинале со Вардар. Ова ќе биде реприза од финалето кое се одигра минатата сезона токму меѓу овие две екипи, каде Вардар беше поуспешен и успеа да го освои ова натпреварување. Потешко можеби од очекуваното Белорускиот шампион во еден тежок натпревар, на крај успеа да го скрши отпорот на противникот и да слави со резултат 28:24. Иако Нексе имаа водство и од три гола во првите 12 минути, сепак Мешков во продолжение од натпреварот докажа дека е поквалитетен противник.

Оваа сезона по една победа им припадна на Вардар и Мешков, во нивните меѓусебни дуели. Втората полуфинална двојка ќе ја сочинуваат Веспрем и победникот од мечот Заграб-Татран, кој треба да започне во 20:15.

Вардаровата експедиција се очекува утре наутро да отпатува за Унгарија, каде ќе се подготвуваат за полуфиналниот меч со Мешков. Дуелот е закажан за сабота со почеток од 17:45. Да се напомене дека неможеме да сметаме на услугите на Дибиров, кој заработи мала повреда. На негово место е повикан Владо Недановски.