Вечерва на стадионот “Максимир“ се одигра реванш натпреварот од второто квалификациско коло во лигата на шампиони помеѓу екипите на Вардар и Динамо Загреб. Хрватскиот шампион успеа уште еднаш да слави и да се пласира во следната рунда. Повторно бевме одлични на теренот и само поради наше невнимание не успеавме ја поминеме пречката, наречена Динамо Загреб. Вардарци на два пати имаа водство, но Динамо во два наврати израмни преку удари од белата точка. Тренерот Седлоски се одлучи за следниве 11-сетмина: Алексовски, Глишиќ, Новак, Грнчаров (капитен) Хамбарџумјан, Спировски, Велковски, Којашевиќ, Фелипе Асани и Балотели
Првата голема шанса на натпреварот ја имаше Вардар, преку Јасир Асани кој се најде во добра шанса за постигнување на гол, но противничкиот голман Јежина го брани неговиот удар. Црвено-црните воопшто не се исплашија од големината на Динамо Загреб и нивниот домашен терен, имајќи иницијатива во продолжение од мечот. Во 21 минута жолт картон доби нашиот капитен Бобан Грнчаров, кој командуваше со одбраната на Вардарци. Прва посериозна прилика и за домаќинот, преку нивниот најдобар играч Марко Пјаца, за кој ова беше последен натпревар во дресот на “модрите“. Истиов играч продре од левата страна се ослободи од неколку наши дефанизвци, но завршниот удар заврши покрај голот на Алексовски. Нов обид за Хрватски шампион преку Саудани, кој бие силно по земја, но на вистинското место е младиот Алексовски кој ја прибира топката во своите раце. Среќата никако да ни се насмевне, после двете погодени стативи и една пречка на првиот меч на арената “Филип Втори“, овој пат во 37 минута Хамбарџумјан со глава ја погодува стативата од домашниот гол. Сепак неможеше вечно да ги следи среќата Динамо. Се играше 38 минута кога Дарко Велковски се реши да упати слилен удар од повеќе од 25 метри и воопшто не греши. Неговиот удар завршува позади грбот на Јежина, во долниот десен агол за голема радост на црвено-црните и предност од 0:1. Веќе во следната минута се обиде Хоџиќ кој шутира силно покрај голот на Алексовски. Динамо Загреб имаше голема прилика да го израмни резултатот, но ударот на Саудани завршува во пречката на Вардар и за наша среќа резултатот остана непроменет. На полувреме се замина со водство на Вардар од 0:1.
Во вториот дел екипата на Динамо имаше повече посед на топка. Нов обид од голема далечина за Саудани, но повторно брани Алексовски. Непотребен фаул на Хамбарџумјан во нашиот шеснаесетник, по што судијата покажа на белата точка за екипата на Динамо. Сигурен од белата точка беше Марко Пјаца. Хамбарџумјан имаше можност да се извади за оној пропуст во 53 минута, биеше од слободен удар, со крајни напори во корнер исфрли Јежина. Ново водство и гол за Дарко Велковски во 63 минута. Почна акција од средината на теренот, Балотели додаде топка до Којашевиќ кој од левата страна уфрли во противничкиот шеснаесетник, на вистисното место се најде Велковски за водство од 1:2. Резултатот во овој момент беше идентичен со оној во Скопје. Прва замена во редовите на нашиот шампион, во 67 минута на местото на Јасир Асани во игра влезе Бобан Николов. Нов подарок пенал за домашаната екипа, овој пат невнимателен беше Спировски кој играше со игра, при изведен корнер на Динамо. Повторно Пјаца биеше од белата точка, за ново израмнување на 2:2. Португалскиот итернационалец во дресот на Вардар, Мачадо успева да погоди за прво водство на противникот од 3:2, во 79 минута. До крајот, домаќинот ја зачува предноста и се пласираше во треттата рунда од лигата на шампиони.
Нема што да им се замери на нашите момци кои одиграа нов одличн натпревар, но можеби неискуството од вакви натпревари си го направи своето. Со кренати глави се враќаме во Скопје, каде ќе се подготвуваме за почетокот на новата натпреварувачка сезона.