Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Седлоски: Секоја чест на играчите, дадоа се од себе, што се вели “изгинаа“ на теренот
Седлоски: Секоја чест на играчите, дадоа се од себе, што се вели “изгинаа“ на теренот

Седлоски: Секоја чест на играчите, дадоа се од себе, што се вели “изгинаа“ на теренот

Вардарци не успеаа да направат херојски подвиг и да се пласираат во следната рунда од лигата на шампионите. На реванш натпреварот кој се одигра на Максимир, екипата на Динамо Загреб со резултатски пресврт и тоа на два пати успеа на крај да излезе како победник. Црвено-црните имаа водство од 0:1 и 1:2 и тоа со двата погодоци на Дарко Велковски, но невниманието во одбранана на моменти скапо не чинеа. Домаќинот на два пати зирамнуваше преку удари од пенал, додека точка на натпреварот стави Мачадо, за конечен резултат од 3:2. После завршување на натпреварот на пресконференцијата за медиумите, тренерот Гоце Седлоски истакна дека неговите играчи дале се од себе и дека нема што да им замери.

-За публиката ова беше перфектен натпревар. За едно вакво големо натпреварување таков пенал како првиот мислам дека не постои, според она што го слушнав од моите соиграчи во соблекувалната. Не можам ништо да им замерам на моите фудбалери, одиграа храбро. Покажавме дека можеме да се носиме со ваков Динамо кој што има добри играчи. Водевме два пати, потоа Динамо израмни од два пенали. Кај третиот гол на противникот веќе беше готово. Вардар на овие два натпревари даде се од себе, играчите што се вели „изгинаа“. Кога ќе се собере се мислам дека заслуживме повеќе. И на овој дуел во Загреб на почетокот имавме две прилики, прво Асани а потоа и Хамбарџумјан статива. Секоја чест на фудбалерите, но тоа е фудбалот. Одиме понатаму. Честитки за Динамо и му посакувам многу успех, да ја мине и следната фаза од Лигата на шампионите“, изјави нашиот тренер на прес конференцијата после натпреварот, изјави Гоце Седлоски.