Екипата на ЖРК Вардар СЦЈС го доби својот противник, во рамките на треттото коло од Челинџ купот. “Анонимната“ екипа на Свиленград од Бугарија ќе биде првата пречка за избраничките на Симе Симовски во ова натпреварување. Првиот натпревар ќе биде одигран дури на 12/13 ноември во Бугарија, додека седум дена подоцна ќе бидеме домаќини во Јане Сандански. Да потсетиме дека изминатава сезона во истово натпреварување стигнавме до четвртфиналето, каде бевме елиминирани од екипата на Карпати од Украина. Капитенот на вториот тим на Вардар, Маја Трпковска за нашиот сајт ги сподели впечатоците од извлечената ждрепка и очекувањата за двомечот против Бугарскиот претставник.
-Прерано е да се даде било какво мислење. На прв поглед се чини дека добивме поволен противник на извлечената ждрепка. Ја превземаме фаворитската улога во овој двомеч, но тоа мора да го докажеме на терен. Свиленград е тотална непознаница за нас. Нашиот стручен штаб има доволно време да ги прибери сите неопходни информации за оваа екипа, па од тој аспект сигурно ќе бидеме добро подготвени. Мора да одиме чекор по чекор, натпревар по натпревар. Неискуството веќе не смее да ни служи како алиби. Време е оваа млада македонска екипа која се гради веќе неколку години да созрее и да внесе надеж за подобри денови во македонскиот женски ракомет.
Очекувањата за следната сезона е да се повтори успехот во супер лигата и да се игра во големото финале на купот на Македонија.
-Финалето во Македонскиот ракометен куп и освојувањето на второто место во Македонската ракометна лига зад екипата на Жрк Вардар не смеат да се доведат во прашање оваа сезона. Акцентот ќе биде ставен на Челинџ купот, каде можеме и мораме да одиме чекор –два понапред од минатата сезона и да испишеме историја во македонскиот ракомет, изјави Маја Трпковска за Вардар Фанс.
Звонко Ивановски